Бегалскиот центар на Табановце засега нема да се оградува по примерот на Гевгелија (видео)

Сподели со своите пријатели

Во работна посета на локалната самоуправа на Куманово, вчера присуствуваше директорката на Центарот за управување со кризи, а по повод бегалската криза која не го одмина и северниот премин на Табановце.

Loading...

Претставници од ЦУК, предводени од Сузана Салиу, актуелen директор на центарот, вчера дискутираа со градоначалникот Зоран Дамјановски за тоа, каква е состојбата на граничниот премин и што може да се стори  во пресрет на зимските временски услови и најавата дека бранот бегалци нема да сопре со налетот на зимата.

Проблемот со бегалците е глобален проблем и Куманово во целата агонија се најде во средина на случувањата и прифат на бегалците кои доаѓаат од Гевгелија, истакна Дамјановски, потенцирајќи дека градот веќе ја изрази желбата и волјата да помогне со ублажување на последиците од бегалската криза.

– Куманово стои на располагање на центарот, како уште еднаш би ја покажале хуманата страна на градот. Стоиме на располагање и ќе направиме се` за да ги прифатиме бегалците, со тоа што веќе помагаме со комунални услуги на преминот, и обезбедување на времени простории за згрижување, вели Дамјановски.

Салиу од друга страна, информираше дека ЦУК секојдневно заседава на национално ниво со сите чинители за олеснување на бегалската криза, и по тој повод, вчера беше и спроведена посета на бегалскиот излезен центар на Табановце.

Одговарајќи на новинарски прашања, Салиу информираше дека засега по примерот на Табановце, нема најава за оградување на бегалскиот центар, како и тоа дека ЦУК ќе ги собере барањата за надокнадување на побарувања на разни субјекти кои претпрпеле штета за време на бегалската криза, а кои ќе бидат испратени до Владата на РМ.

– Има и многу меѓународни организации кои нудат своја финансиска помош со бегалската криза во Македонија. Каде и да одиме, ние се соочуваме со овој проблем на соочување со бранот бегалци, вели Салиу.

Директорката на ЦУК истакна дека засега нема најави да се огради бегалскиот излезен центар на Табановце, со оглед дека прифатниот центар во Гевгелија работи под поинакви услови, земјаќи во предвид дека влезот на бегалците бара и законско регистрирање, што побарува време, за разлика од северната точка, каде бегалците со симнување од воз веднаш се упатуваат кон српската страна.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.