Едно лице бегалец од Транзитниот центар Табановце во текот на вчерашниот ден завшрило на лекување во Клинички центар – Скопје, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Истиот заедно со уште седум други лица биле пренесени на преглед во кумановската Општа болница, каде им биле извршени лекарски прегледи и дадена соодветна медицинска интервенција. Сеумтте лица биле вратени назад во кампот по укажаната помош, а едно од нив било пратено во скопскиот Клинички центар.
Според информациите завршно со вчерашниот ден во кампот на Табановце имало 1.027 лица, додека на граничниот камен нема бегалци.