Бегалците заглавени на Табановце се почесто започнаа да колабираат

Сподели со своите пријатели

Вкупно седум бегалци, претежно од Авганистан завшриле на некое од одделениејата на кумановската болница каде им била укажана лекарска помош, по што биле вратени на Табановце, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Во текот на последното деноноќеи во Општа болница Куманово биле примени две лица, од кои првото на Интерното одделение, а воторто на Инфективното одделение каде им била пружена соодветна лекарска помош, по што и двете лица се вратени назад на пунктот во Табановце.

На 01.03.2016г во 18:00 тимовите на Итна медицинска помош пружиле здрвствена заштита на неколку бегалци и тоа: Сириец роден 1992 година кај кој била констатирана хипотензија, односно низок крвен притисок при што му била дадена терапија со натриум хлорид. Со крварење од респираторните патишта се јавил државјанин на Авганистан кој добил соодветен преглед и здравствена нега.

Како резултат на душевни растројби поради употреба на наркотични средства со ампуларна терапија бил третиран државјанин на Авганистан, додека на Инфективното одделение завршил негов сонародник поради дијареја,  и уште едно лице се онесвестило по што добило лекарски преглед и бил извршен ЕКГ.

­Инаку во текот на вчерашниот ден присутни во транзитниот центар Табановце вкупно биле 973 лица од кои Авганистан 599 лица, од Сирија 298, од Ирак 69 лица и седум лица од  Пакистан.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.