Бегалците од Украина во Берлин од утре можат да сведочат за злосторствата

Сподели со своите пријатели

Од утре во главниот град на Германија, Берлин, бегалците од Украина ќе можат да даваат изјави за наводни воени злосторства извршени за време на руската воена операција во нивната земја.

Loading...

Центарот за документација на „Институтот Пилецки“, институција финансирана од Полска, почнува со собирање на сведоштвата на бегалците.

 

ПУТИН ОБЈАВИ: Мариупол е освоен!

 

„Сите сведоци на злосторствата во Украина, било да се кражби, убиства, протерување, киднапирања, бомбардирања на цивили, уништување на културни добра, се повикани да дадат изјава. Секое злосторство и секој војник кој извршил злосторство мора да биде казнет“. се вели.во соопштението на „Институт Пилецки“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ова е најзагаденото езеро на планетата: Еден час на брегот може да ве убие (ВИДЕО)

Во Центарот за документација бегалците можат да пополнат прашалник и да одговараат на прашањата на адвокатите.

 

Loading...

Хајдаи: Русија контролира 80 отсто од регионот Луганск

 

Прашалниците се составени, како што е објаснето, врз основа на искуството на судовите по Втората светска војна.