ПУТИН ОБЈАВИ: Мариупол е освоен!

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Русија Владимир Путин денеска ѝ нареди на руската армија да се откаже од плановите за напад на фабриката Азовстал во украинскиот пристанишен град Мариупол и најави дека сака таа да остане под блокада.

Loading...

– Мислам дека предложениот напад на индустриската зона во Мариупол е несоодветен и барам да се напушти – рече Путин.

Путин побара од министерот за одбрана Сергеј Шојгу да им ја предаде наредбата за ослободување на Мариупол на руските сили, а целата воена акција во овој град ја оцени како успешна.

 

 

 

„Сите руски војници се херои за нас“, рече Путин.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што ја очекува Европа ова лето, по рекордниот топлата пролет?

Тој рече дека Русија мора да ги обезбеди сите социјални гаранции за припадниците на воените служби, но дека треба да се размислува за дополнителна поддршка за оние кои учествуваат во специјалната воена операција во Украина.

Loading...

– Ве молиме поднесете предлог за доделување награди на нашите војници кои се истакнаа. Јасно е дека во вакви случаи не може поинаку – рече тој.

Путин уште еднаш ја искористи можноста да им нареди на сите кои не го положија оружјето да го сторат тоа.

– Руската страна им гарантира живот и достоинствен третман во согласност со меѓународното право. На сите кои ќе бидат ранети ќе им биде укажана соодветна медицинска помош – рече рускиот претседател.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што ја очекува Европа ова лето, по рекордниот топлата пролет?

 

 

 

Министерот за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека ситуацијата во украинскиот пристанишен град засега е мирна.

– Ситуацијата во градот е мирна и тоа ни овозможува да почнеме да воспоставуваме ред, да го враќаме населението во градот и да воспоставиме мирен живот – рече Шојгу.

Loading...

Тој се осврна и на оние кои побегнале во челичарницата Азовстал, велејќи дека ќе им требаат „околу три до четири дена за да ја завршат и таа работа“.