База со 400 милиони броеви на корисниците на Фејсбук била достапна на сите

Сподели со своите пријатели

Експертите за безбедност пронајдоа база на податоци, зачувана во обичен текст, на Интернет, во која се вклучени милиони имиња на корисници на Фејсбук и телефонски броеви.

Loading...

Фејсбук е познат веќе некое време во скандал околу безбедноста на податоците и приватноста. Овој пат повторно во центарот на вниманието е протекување на податоци што треба да бидат заштитени, чувани се во обичен текст и, достапни се за сите.

Истражувачот Сањам Џаин од непрофитната Фондација ГДИ најде база на податоци на Интернет која вклучува околу 419 милиони записи на корисници на Фејсбук.

Оваа база на податоци не била криптирана ниту е заштитена со лозинка. Секој од стотиците милиони записи вклучувал кориснички информации како што се име, ИД на корисникот, земја и град на потекло, датум на раѓање, пол и можеби најважно, телефонски број поврзан со сметка на Facebook.

Leave a Reply