Барса речиси секогаш продолжува напред по 1:1 како гостин во елиминациската фаза

Сподели со своите пријатели

Барселона практично се квалификуваше за четвртфиналето на Лигата на шампионите по синоќешното реми од 1:1 со Челзи на „Стемфорд Бриџ“.

Барем тоа го кажува статистиката, бидејќи Каталонците речиси секогаш продолжувале по тој резултат како гостин во меч од елиминациската фаза.

Интересно е тоа што во 11 од 13-те случаи Каталонците се радуваа на крајот, по реми со овој резултат на гостински терен. Само два пати доживеаја неуспех – против ЦСКА Москва во сезоната 1992/93 и против Јувентус десет години подоцна.

Ремито 1:1 во Москва беше проследено со сензационален пораз од 2:3 во Шпанија, кој го исфрли тогашниот европски шампион во вториот круг.

Во 2003 година Барса загуби во четвртфиналето на Лигата на шампионите, дозволувајќи горчлив пораз од 1:2 дома во реваншот со Јувентус.

Последниот случај, во кој Каталонците одиграа нерешено 1:1 на гостински терен во елиминации, беше во 2010 година во Штутгарт. Во реваншот, Шпанците победија со убедливи 4: 0.

Челзи, исто така, може да биде задоволен бидејќи „сините“ одат во следната фаза во три од пет случаи по нерешено 1:1 во првиот дуел од елиминациите. /МИА

Leave a Reply