30.09.2019 00:38

Банкротот на „Томас Кук“ Грција ја чинеше огромни пари

Facebook Twitter Google+

Туризмот во Грција претрпе удар од половина милијарда евра, како резултат на бакротот на голема британска туристичка група, Томас Кук, изјави денеска министерот за туризам, Харис Теохарис.

Министерот ја најави помошта на Владата за туристичките компании и вработените.

Loading...

Владата веќе воведе мерки за заштита на работните места на оние кои би можеле да бидат без работа заради банкрот на агенцијата.

На туристичките компании им се одложува плаќањето ДДВ за шест месеци, во однос на процентот на обрт кој секој од нив го имал со агенцијата во стејчај, а на засегнатите компании им се нуди и бескаматен кредит од грчката банка за развој.

Министерството за труд ќе го олесни плаќањето на надоместоците за невработеност со итен акт и ќе ја продолжи исплатата за еден месец. Овие придобивки ќе бидат доделени на оние што веќе се отпуштени од компании поврзани со бизнисот Томас Кук.

Владата подготвува и поедноставување на процесот за отпишување на нерешени кредитни побарувања врз основа на фактурите на Томас Кук.


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments