Банкоматите во Куманово со еден тон нечистотија (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во време кога сите апели се упатени на зголемување на хигиената со цел да се спречи ширење на коронавирусот, банкоматите во Куманово имаат „еден тон“ прашина.

Loading...

Вчера заминавме до банкомат лоциран на еден од маркетите во градот. Одлучивме со антибактериско марамче да ги пребришеме копчињата на банкоматот заради своја безбедност, но потоа останавме шокирани од она што остана на марамчето.

Апелираме до сите граѓани да внимаваат кога ги подигаат парите, да користат ракавици или претходно да ги избришат копчињата, како што тоа го сторивме ние.

До банките апел да водат хигиена за своите банкомати и да не ги доведуваат граѓаните во опасност.

Никола Ивановски

Leave a Reply