Банда мајмуни нападнале старица во бања: Жената починала при бегството

Сподели со своите пријатели

Жена во Индија откако влегла во бањата била нападната од глутница мајмуни и починала.

Loading...

Минатата година маж почина откако падна од покривот на куќа кога го нападна банда мајмуни.

Жената, која е идентификувана како Чатарабоина Нарсавва, била нападната во нејзиното село во областа Камарди во Телангана, Индија. Нарсавва отишла во тоалет кога група мајмуни се нафрлиле врз неа.

Седумдесетгодишната жена се здобила со тешки повреди додека се обидувала да побегне од нив.

И нејзината ќерка била итно пренесена на лекување во болница, а Нарсава, за жал, им подлегнала на повредите и починала.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Златен ретривер кој ужива во природата го воодушеви интернетот (ВИДЕО)

Лекарите рекле дека Нарсава била нападната од животни, но дека не умрела од напад на мајмун, туку кога при бегството паднала и ја удрила главата на земја.

Семејството на Нарсава ја кремирало веднаш по нејзината смрт, а полицијата ја продолжува истрагата.

Фаталниот напад е само последен во серијата трагедии поврзани со мајмуни во Индија, каде живеат милиони примати, пишува Дејли Стар.

Loading...

Минатата година еден човек трагично загина откако падна од покривот на својата куќа кога го нападна банда мајмуни.

52-годишен фармер се обидел да побегне од група мајмуни во индиската област Будаун.