Балканците доминираат на листата највисоки лидери во светот

Сподели со своите пријатели

Веб-страницата World of Statistics се осврна на една интересна и досега неистражена тема поврзана со политичките лидери ширум светот.

Loading...

Составена е листа на највисоките поранешни и актуелни светски претседатели, а интересно е што двајца политичари од регионот се на самиот врв на листата.

На прво место на оваа листа е претседателот на Србија, Александар Вучиќ, висок 199 сантиметри.

 

Влада на РСМ

 

Кај светските лидери нема ниту еден над два метра, но на Вучиќ му недостасува само еден сантиметар.

На второ место се поранешниот француски претседател Шарл де Гол, кој бил висок 196 сантиметри, а исто толку висок е и поранешниот претседател на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.

Четвртото место го делат поранешните претседатели на САД и Куба, Доналд Трамп и Фидел Кастро, кои се високи по 190 сантиметри.

Loading...

Меѓу актуелните светски претседатели, прв придружник на Александар Вучиќ е претседателот на Сирија, Башар Ал Асад, кој е 10 сантиметри понизок од него (189).

Тука се и Жак Ширак (Франција, 189 см), Имран Кан (Пакистан, 188 см) и Садам Хусеин (Ирак, 188 см).

Интересно е што на листата на највисоките премиери во светот ја предводи премиерот на Албанија, Еди Рама, кој е единствениот кој ја „премашил“ магичната фигура од два метри.

Рама е висок 201 сантиметар, па не е чудно што играл кошарка во младоста.