БАЛКАН: Највисоки плати во Словенија, најниски во Северна Македонија

Сподели со своите пријатели

Според најновите официјални статистики, најголеми просечни плати во регионот се забележани во Словенија и Хрватска, а најниски во Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина.

Loading...

Според најновите расположливи податоци на словенечкиот завод за статистика, просечната месечна нето-плата во таа земја е 1.114 евра.

Каква ќе биде зимата во Европа и на Балканот?

Во исто време, тоа е единствената плата во земјите во регионот што надминува 1.000 евра.

Просечната плата во Словенија е двојно поголема од просечната плата во скоро сите балкански земји, освен во Хрватска, каде просечната месечна плата е близу 900 евра.

После Словенија, следува Хрватска, втора членка на Европската унија од балканскиот регион, во која, според официјалните податоци на Централното биро за статистика за август просечната плата изнесува 6.438 HRK или 864 евра.

Три земји од Балканот меѓу 40те најубави во светот

Потоа доаѓа Црна Гора, каде што според официјалните податоци на Заводот за статистика на Црна Гора – Монстат, просечната заработка без даноци и придонеси во август 2019 година изнесува 517 евра.

Loading...

Најниски просечни плати во регионот се забележани во Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина.

Зошто Балканот е најзагаден дел од Европа?

Според Агенцијата за статистика на Босна и Херцеговина, просечната месечна исплатена нето-плата во август годинава била 925 конвертибилни марки или 472 евра, што е нешто повисоко од платите во соседна Србија.

Според податоците на српското биро за статистика, просечната нето плата во август годинава била 54.111 динари или 460 евра.

Колку се среќни луѓето на Балканот?

Статистичките податоци од Заводот за статистика на Северна Македонија покажаа дека просечната плата во јуни годинава е 25.127 МКД, или 409 евра, што е најниска месечна плата во регионот.

Leave a Reply