Зошто Балканот е најзагаден дел од Европа?

Сподели со своите пријатели

Анализата покажува дека Босна и Херцеговина е најзагадената земја во Европа, а потоа следува Северна Македонија, третото место го зазема Косово, а потоа следуваат Бугарија и Србија, објави Ал Џезира Балкан.

Loading...

Земјите од Западен Балкан имале најзагаден воздух во Европа во 2018 година.

Состојбата очигледно не се подобри и во последните месеци.

„Луѓето во сите поголеми градови низ Западен Балкан се соочуваат со алармантни нивоа на загадување на воздухот опасно по живот, бидејќи неразвиената, политички кревка област е сè уште силно зависна од согорувањето на јагленот за производство на енергија“, се вели во соопштението на експертите на ООН.

Во извештајот се спомнуваат Босна и Херцеговина, Србија, Северна Македонија, Црна Гора, Албанија, како и Косово како земји со најголемо загадување на воздухот.

Петнаесет електрани со јаглен, од кои некои се застарени, исфрлаат значителни количини сулфур диоксид, азот оксид и други честички во земјите од Западен Балкан, се вели во извештајот. Исто така, дури 88% од 7,3 милиони згради во регионот користат децентрализирани системи за греење кои ја користат енергијата неефикасно.

Коментирајќи го извештајот, Денис Зиско од Центарот за екологија и енергија во Тузла опишал во интервју за Радио Слободна Европа каков е проблемот на Балканот.

– Со анализа е докажано дека, од оние извори предизвикани од човечка активност, согорувањето на јагленот најмногу придонесува за емисија на сулфур диоксид. Што се однесува до Балканот, ние знаеме многу добро и веќе е утврдено од претходните студии дека основен проблем на Балканот е недостатокот на инсталирана опрема за десулфиризација во термоцентралите во целиот регион – рекол тој.

Loading...

Тој рекол дека скоро сите термоцентрали во Европа имаат инсталирана таква опрема, поради што земјите од ЕУ не се наведени освен Бугарија.

Leave a Reply