Бајден во Лондон пред утрешниот самит на НАТО во Вилнус

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска е во Велика Британија во кратка посета на својот најблизок сојузник, каде што ќе се сретне со кралот Чарлс Трети и ќе разговара со премиерот Риши Сунак за поддршката на Украина, пред утрешниот самит на НАТО во Литванија.

Loading...

Бајден, кој синоќа пристигна во Лондон, треба да се сретне со Сунак во резиденцијата на премиерот во Даунинг стрит, а потоа ќе разговара со Чарлс Трети во замокот Виндзор.

Патувањето треба да претставува нов знак на пријателство меѓу двете земји.

Тоа ќе биде нивна прва средба меѓу Бајден и кралот по крунисувањето на Чарлс III, бидејќи САД на церемонијата беа претставени од првата дама Џил Бајден.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  И Британците се повеќе мотаат тутун

Бајден утре и во среда ќе престојува во Вилнус на самитот на НАТО, каде западните сојузници ќе разговараат за поддршката на Украина против руската инвазија.

За време на посетата на Вилнус, Бајден ќе одржи надворешнополитички говор на тамошниот универзитет.

Таа дипломатска турнеја доаѓа веднаш по многу контроверзната одлука на Бајден да и обезбеди на Украина касетно оружје.

Повеќето членки на НАТО го забранија оружјето, но САД продолжуваат да го користат.

Loading...

Американскиот претседател турнејата ќе ја заврши со посета на Финска, која по почетокот на руската инвазија на Украина стави крај на нејзината историски неутрална и непоколеблива позиција и одлучи да влезе во НАТО.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  И Британците се повеќе мотаат тутун