Бајден: Трамп и неговите следбеници се обидуваат да ја уништат американската демократија

Сподели со своите пријатели

Во говорот во Филаделфија, американскиот претседател Џозеф Бајден остро ги осуди републиканците и нивната лојалност кон Доналд Трамп, наведувајќи дека тие „успеваат со хаос“ и предупреди дека нивните обиди да ја поткопаат демократијата може да се претворат во насилство.

Loading...

Американскиот претседател ги означи неговиот претходник Доналд Трамп и неговите републикански поддржувачи како екстремисти кои се закана за Уставот на САД и кои имаат намера, како што рече, да ја уништат американската демократија.

Во својот говор, Бајден упати предупредување до Американците пред среднорочните избори во ноември, кои ќе ја одредат контролата врз Конгресот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Ова се гледа еднаш во 100 години!“: Кина погодена од застрашувачки поплави! (ВИДЕО)

„Тие не живеат во светлината на вистината, туку во сенката на лагите. Постојат опасности кои не можеме да дозволиме да надвладеат“, рече Бајден, зборувајќи за републиканците и повика на пресметка со движењето предводено од поранешниот претседател Доналд Трамп.

Бајден ги обвини Трамп и неговите поддржувачи дека сакаат да употребат насилство за да ги нападнат демократските институции.

„Нацијата е на пресвртница и Американците треба да викаат: „Ова не сме ние“, ја поткопа демократијата.

Тој посочи дека многу републиканци не го поддржуваат Трамп, но дека Републиканската партија е „доминирана, водена и заплашена од поддржувачите на Трамп“.

„Сакам да бидам многу јасен, не секој републиканец ја прифаќа нивната екстремна идеологија. Ова го знам затоа што имав можност да работам со нив. Верувам дека моја должност е да ви ја кажам вистината без разлика колку е тешка и болна. Следбениците на Трамп од редовите на републиканците не го почитуваат Уставот, не веруваат во владеење на правото. Тие не ја признаваат волјата на народот и одбија да ги признаат резултатите од слободните избори“, рече Бајден за време на говорот во Филаделфија.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза

Американскиот претседател истакна дека „до последен здив ќе се бори за демократија“ и ги повика американските граѓани да му се придружат и да гласаат на претстојните избори.

Бајден и се обрати на јавноста во време кога се ближат ноемвриските среднорочни избори, на половина од неговиот мандат и во услови на голема политичка поларизација во американското општество.