Бајден со честитки до новиот германски канцелар

Сподели со своите пријатели

Џо Бајден му честиташе на новиот германски канцелар Олаф Шолц, во кој изрази надеж за воспоставување силни врски меѓу Вашингтон и Берлин.

Loading...

– Честитки за новиот германски канцелар Олаф Шолц. Со нетрпение очекувам да воспоставиме силни врски меѓу нашите земји и блиска соработка со цел да се постигне напредок во решавањето на постоечките предизвици во светот – напиша Бајден на Твитер.

Администрацијата на Бајден овие месеци не штедеше пофалби за конзервативната канцеларка во заминување Ангела Меркел, според која поранешниот американски претседател Доналд Трамп беше особено остар.

Во Вашингтон сега сметаат на новиот социјалдемократски лидер и неговиот министер за надворешни работи, Анален Баербок од Зелените, да заземат поодлучен став кон Кина и Русија.

Владата на САД соопшти дека разговарала со новата германска влада, дури и пред таа да стапи на должност, за можноста за користење на спорниот гасовод Северен тек 2 меѓу Русија и Германија како средство за одвраќање на Москва од инвазијата на Украина.