Бајден: Ракетите што паднаа во Полска веројатно не се истрелани од Русија

Сподели со своите пријатели

Првите информации укажуваат дека е можно проектилите да не биле истрелани од Русија, изјави американскиот претседател Џо Бајден во врска со експлозијата што се случи во Полска, во близина на границата со Украина, во која загинаа две лица.

Loading...

„Не сакам да кажам ништо дефинитивно додека не се направи целосна истрага. Сепак, поради траекторијата на ракетите, малку е веројатно дека биле истрелани од Русија. Но, ќе видиме што ќе донесе истрагата. Иако првата информациите велеа дека Русија е поврзана со неа, прелиминарните истражувања го оспоруваат тоа“, рече Бајден во обраќањето во живо на Си-Ен-Ен.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бајден ги ублажува санкциите кон Венецуела

Бајден моментално е во Бали, Индонезија на самитот Г20, а пред изјавите одржа итен состанок со другите лидери на Г7 (Велика Британија, Франција, Италија, Германија, Канада и Јапонија), а со лидерите на Шпанија и Холандија исто така присуствуваше на состанокот.

„Меѓутоа, Русија со своите акции продолжува да ја влошува ситуацијата во Украина“, додаде американскиот претседател.