Бајден потпиша за влез на Финска и Шведска во НАТО

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џо Бајден во вторникот потпиша документи со кои се ратификува влезот на Финска и Шведска во НАТО, најважното проширување на НАТО од 1990-тите поттикнато од руската инвазија на Украина.

Loading...

Бајден го потпиша инструментот за ратификација, поздравувајќи го приемот на двете земји, последниот чекор во процесот што ја сигнализира поддршката на САД.

„Тоа, верувам, беше и е пресвртница во Алијансата и за пошироката безбедност и стабилност не само на Европа и САД, туку и на светот“, рече Бајден.

Американскиот Сенат го одобри новото проширување на НАТО минатата недела со гласови од 95 „за“ и 1 „против“, што е ретко покажување на двопартиска поддршка во инаку длабоко поделен Вашингтон.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Индија – На над милион избирачки места ќе се гласа до 1 јуни

И демократските и републиканските сенатори оценија дека двете нордиски земји се важни сојузници чии модерни армии веќе тесно соработуваат со НАТО.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, од друга страна, силно ја застапуваше политиката „Америка на прво место“ и ги критикуваше сојузниците од НАТО дека трошат премалку за одбрана.

Путин го добива „токму она што не го сакаше“, рече Бајден.

Земјите членки на НАТО минатиот месец го потпишаа протоколот за пристапување на Финска и Шведска, пишува Тпортал.

Loading...

Пристапувањето мора да биде ратификувано од парламентите на сите 30 земји-членки.

Ова може да потрае и до една година. Тоа веќе го направија Канада, Германија, Италија, Хрватска Македнија и други земји.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американците ставија вето за прием на Палестина во ООН