Бајден денеска ќе објави дека САД испраќаат борбени тенкови во Украина?

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска ќе објави дека Вашингтон ќе ѝ испорача на Украина борбени тенкови „Абрамс“.

Loading...

Тенковите ќе се испорачуваат врз основа на договорот, односно нема да се испраќаат од арсеналот на Пентагон, јавуваат странските медиуми.

Според Политико, повикувајќи се на извори во американската администрација, САД би можеле да испратат најмалку 30 тенкови „М1 Абрамс“ во Украина како воена помош.

Сè уште не е познато кога ќе бидат испорачани тенковите, а обично потребни се неколку месеци војниците да бидат обучени за ефективно да ги користат тенковите, рекоа официјални лица, според Си-Ен-Ен.

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден не ја отфрли целосно можноста за снабдување со американски тенкови, но минатата недела американските власти јавно кажаа дека сега не е вистинско време да се испратат тенкови М1 Абрамс, бидејќи тие се скапи и бараат многу време за обука.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски постојано бараше од западните сојузници да испратат модерни тенкови додека неговата земја се подготвува за, како што велат воените аналитичари, голема руска контраофанзива на пролет.

Германскиот неделник Шпигел претходно денеска објави дека германскиот канцелар Олаф Шолц решил да испрати тенкови Леопард во Украина по неколкунеделна дебата.

Велика Британија веќе најави дека во Украина ќе испрати 12 свои тенкови „Челинџер 2“.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.