Бахмут нема да падне за неколку дена, Украинците се во импровизирана тврдина, тврди шефот на Вагнер

Сподели со своите пријатели

Бахмут нема да падне во рацете на платениците на приватната руска воена компанија Вагнер во следните два дена бидејќи украинските бранители се кријат во импровизирана „тврдина“, соопшти денеска основачот на „Вагнер“ Евгениј Пригожин.

Loading...

Се водат жестоки битки за контрола на источниот украински град, а украинските војници воспоставија позиции во импровизирана „тврдина“ на југот на градот, објави денеска Пригожин.

Бахмут, кој Русите го нарекуваат со советското име Артјомовск, е во урнатини по борбите што траат речиси една година.

Украинската заменик министерка за одбрана Хана Маљар денеска потврди дека руските сили освоиле уште некоја територија во Бахмут.

„Украинците се во непробојна тврдина“

„Бахмут сè уште не е окупиран и не е веројатно дека ќе биде окупиран ниту утре, ниту задутре“, објави Пригожин во говорната порака на својот канал Телеграм.

„Постои кварт попознат како Зракоплов. Тоа е непробојна тврдина која се состои од низа повеќекатни згради на југозападниот дел на Бахмут, каде што се водат неверојатно жестоки битки“, вели Пригожин.

Ако руските сили го освојат Бахмут, ќе го отворат патот кон два поголеми и стратешки поважни града во источниот регион Доњецк – Краматорск и Славјанск.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...