Бача Бази – деца играчки или момчиња кои ги купуваат богатите во Авганистан (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

База Бача на јазикот Дари, еден од официјалните јазици во Авганистан, буквално значи „игра со деца“.

Loading...

Терминот, сепак, се однесува на драматичен феномен што ги погодува момчињата на возраст од 7 до 18 години, кои се облекуваат во женска облека и од нив се бара да играат пред богатите луѓе што ги купуваат или киднапираат, со цел да им служат за сексуално малтретирање.

Родени сиромашни, облечени и нашминкани како жени, тие се принудени да танцуваат до крајот на детството за да ги забавуваат богатите возрасни луѓе кои ги дрогираат и силуваат.

За жал, момчињата кои страдаат од овој вид на најлоша физичка и ментална злоупотреба во оваа земја постојат од античко време.

Ова честопати денес се премолчува, додека жителите на таа земја „свртуваат глава од проблемот“, бидејќи тоа е нешто што постои од античките времиња, па затоа е прифатено како „вообичаено и нормално“.

Толерирана педофилија, која, иако официјално беше нелегална во Авганистан, за првпат официјално му беше прикажана на светот во 2010 година со документарниот филм „The dancing boy of Afghanistan“, на Наџибулах Курајш, авганистански режисер и новинар.

Тој ја прикажа ужасната реалност на деца кои не можат да се бунат или да бидат ослободени, бидејќи доколку ги пријават силувачите, тие самите ќе бидат осудени на смрт затоа што се занимавале со проституција и затоа што биле хомосексуалци, додека богатите лесно би излегле од целата ситуација.

За жал, голем број авганистански полицајци и војска исто така се вклучени во оваа ужасна реалност, и за нив поседувањето „харем“ е знак на моќ, богатство и влијание.

Loading...

„Жените се создадени за да раѓаат деца, момчињата се за задоволство“ – е древен термин што се користи во таа земја.

Момчињата обично се киднапираат на улица или се продаваат од семејството за пари, храна или земја, а богатите ги третираат како играчки што се шминкаат, се облекуваат во женска облека, ги дрогираат со опијати и ги гледаат како играат, ги бакнуваат во устата пред други гледачи и на крајот силуваат.

Според извештајот на Авганистанската независна комисија за човекови права (AIHRC), момчињата се тепани и во некои случаи подлегнуваат на овие повреди.

 

https://youtu.be/yWnkUBmtI70

 

Американците свртија глава

За време на граѓанската војна меѓу Авганистанците и Талибанците, Бача Bazi беа забранети, бидејќи овој феномен е спротивен на шеријатскиот закон.

Loading...

Од 1993 година до американската инвазија на таа земја во 2001 година, пишуваат италијанските медиуми, оваа практика била казнувана со смрт, но била вратена по падот на Талибанците во 2002 година, кога забраната повеќе не постоела.

Од тој момент, овие момчиња биле малтретирани не само од богатите и оние кои учествувале во воените активности, туку и од авганистанската полиција, која добила огромни суми пари како мито, а исто така учествувале и во силувањата.

Како и тие, така и министрите и судиите молчеле, бидејќи всушност тие самите учествуваа во сѐ.

Њујорк тајмс исто така пишува за тоа дека на американските војници им било наредено да не реагираат во тие ситуации, а некои од нив за весникот велат дека ги слушале ужасните крици на момчињата во текот на ноќта, но не можеле да сторат ништо бидејќи не им било дозволено.

Нивните власти им рекле дека „мора да ги свртат главите на другата страна, бидејќи тоа е културата на Авганистанците“.

Во написот објавен во 2015 година, весникот пишува и дека капетанот на американските специјални сили Ден Квин рекол дека тие дошле овде затоа што им било кажано дека Талибанците прават ужасни работи, но „ние ги ставивме луѓето на власт кои се дури и полоши од Талибанците и направија уште пострашни работи“.

Значи, сите овие години, авганистанската влада не можеше или не сакаше да застане на патот на овој проблем, кој е тешко да се искорени поради неговата распространетост и корупција.

Од 2017 година, авганистанското кривично право ја смета практиката на Бача Бази за незаконска и ги казнува сторителите со затвор до седум години или смртна казна.

Loading...

Меѓутоа, правниот систем е слаб, корупцијата е екстремно распространета, а илјадници деца на улица питачат или бараат начин да преживеат.

Овие момчиња се ослободуваат кога ќе наполнат 18 години, но никој и ништо не може да го избрише ужасот што го носат во својата душа и лузните по нивните тела по повеќегодишното силување на кое се подложени од педофили и хомосексуалци.

Денес, кога Кабул е во рацете на Талибанците, се поставува прашањето што ќе се случи со тие момчиња и какво сценарио ги чека сега, бидејќи таа практика не е искоренета, без оглед во чии раце беше Авганистан.

 

https://youtu.be/B7eMUwkKiFY