Азербејџан негира дека се повлекува од Нагорно Карабах

Сподели со своите пријатели

Азербејџан ги негираше тврдењата на Москва дека ги повлекува своите сили од зоната што ја патролираа руските мировници во регионот Нагорно-Карабах.

Loading...

„Нема промена во позицијата на азербејџанската армија во населбата Фарук, која е дел од суверените територии на нашата земја“, соопшти азербејџанското Министерство за одбрана, пренесува Ројтерс.

Москва во саботата го обвини Азербејџан дека го прекршил мировниот договор со инвазија на зоната и пукање со беспилотни летала кон позициите на армијата на Нагорно-Карабах.

 

Осомничениот за убиството на рускиот опозициски лидер Борис Немцов, сега задолжен за уништување на Мариупол

 

Азербејџан излезе како победник

„Помеѓу 24 и 25 март, азербејџанските вооружени сили го прекршија трилатералниот договор меѓу лидерите на Русија, Азербејџан и Ерменија, влегувајќи во зоната на одговорност на рускиот мировен контингент во Нагорно Карабах“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Loading...

Министерството за одбрана во Москва претходно соопшти дека Азербејџан по преговорите ги повлече своите сили од оваа област.

„Информациите за повлекување на единиците на азербејџанската армија од позицијата се неточни. Нашата армија целосно ја контролира ситуацијата“, соопшти азербејџанското Министерство за одбрана.

По конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан за контрола на Нагорно-Карабах помеѓу септември и ноември 2020 година, Азербејџан излезе како победник, враќајќи ја територијата што ја изгуби во претходната војна од 1991 до 1994 година.

Многу прашања остануваат нерешени, вклучувајќи го и правниот статус на Нагорно Карабах и Ерменците кои живеат таму.

Нагорно-Карабах е територија претежно населена со Ерменци кои прогласиле независност и се наоѓа на територијата на Азербејџан.

 

Коронавирус во тимот на Бајден кој беше во Полска

 

Loading...

Зголеменото влијание на Турција

Договорот од 9 ноември 2020 година, потпишан од рускиот претседател Владимир Путин и ерменските и азербејџанските лидери Никол Пашинјан и Илхам Алиев, стави крај на шестнеделниот конфликт меѓу Ерменија и Азербејџан.

Москва потоа распореди речиси 2.000 мировници, потврдувајќи ја својата улога како главна сила во тој дел од поранешниот Советски Сојуз каде Турција, исто така, има зголемено влијание, благодарение на сојузничките односи со Азербејџан.