Автомобилите најмногу загадуваат по семафори

Сподели со своите пријатели

Просечниот Британец поминува 1,5 час зад воланот, а од тоа следат голем број на загрозувањa на здравјето, предупредуваат научниците од Универзитетот во Сари.

Возењето не  го зголемува само нивото на стрес за возачите. Истражување покажа дека учесниците во сообраќајот се изложени на многу високи нивоа на загадување, особено на семафорите.

АЛАРМАНТНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Го започнавме шестото масовно изумирање на Земјата

Loading...

Според податоците на Светската здравствена организација секоја година загадениот воздух предизвикува седум милиони смртни случаи. Добро познато е дека возилата емитуваат безброј загадувачи кои придонесуваат за респираторни и срцеви заболувања.

Загадениот воздух предизвикува рак на белите дробови

Истражувањето покажа дека кога зеленото светло ќе помине и светне жолто, автомобилите, кои се подготвуваат за запирање, испуштаат најмногу штетни честички. Тогаш настапува пикот во концентрација на загадувачи во воздухот – 29 пати повисока од онаа за време на движењето на возилото.

Сепак запирањето на семафори е само 2% од целото патување со автомобил, смируваат експертите.