Автоделови, вратоврски и алкохол запленија цариниците на Табановце (фото)

Сподели со своите пријатели

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија мигранти и неколку обиди за криумчарење, при што привремено се задржани девизи, цигари, автоделови, рачни часовници, техничка стока, облека и фалсификати.

Вкупно 10 парчиња потисни плочи и 5 парчиња ламели марка SACHS, биле откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на автобус со македонски регистарски ознаки, кој сообраќал на редовна линија од Германија за Македонија и бил пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце.

Непријавените автоделови биле пронајдени во патна торба сместена во картонска кутија и истите се привремено задржани, а како нивен сопственик се пријавил македонски државјанин, патник во автобусот, против кого е поведена прекршочна постапка.

Пет шишиња алкохолни пијалоци од по 0,7 литри, 1 парче конзола за видео игри марка XBOX, 10 парчиња разна облека, 44 парчиња разни тоалетни води, дезодоранси и шампони, 1 парче мини рерна, 1 комплет рачен алат и 2 пара машки патики биле откриени при контрола на автомобил со македонски регистарски ознаки, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

 

Loading...

alkohol1

 

Непријавената стока е пронајдена во багажниот простор и во фабричката шуплина во задниот дел на возилото и истата е привремено задржана, а против возачот е поведена прекршочна постапка.

400 парчиња свилени вратоврски, откриени при контрола на автомобил со швајцарски регистарски ознаки, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

Непријавените вратоврски се пронајдени во 4 картонски кутии, сместени на задните седишта од возилото и покриени со тенко ќебе и истите се привремено задржани, а против возачот е поведена прекршочна постапка.