Автобус влета во подземен премин во Москва – најмалку 5 лица загинаа (фото)

Сподели со своите пријатели

Најмалку пет лица загинале, а повеќе од 10 се повредени кога автобус влетал во пешачки подземен премин во Москва, јавува агенцијата ТАСС.

Несреќата се случила недалеку од метро станицата на западот од Москва, наведува руската агенција повикувајќи се на Интните служби.

Во моментот на несреќата во преминот имало голем број луѓе.

 

Loading...

 

Од друга страна, руското Министерствто за внатрешнир аботи потврди дека четири лица страдале во несреќата, а возачот на автобусот е задржан во притвор.

Несреќата се случила во близина на метро станицата Славјански буљвар кога во преминот имало голем број луѓе.

Полицијата истражува две можни причини кои довеле до несреќата, пренесува агенцијата РИА, повикувајќи се на неименуван извор.