Автобус и автомобил се судрија на патот Скопје – Куманово

Сподели со своите пријатели

Автобус и автомобил се судрија на патот Скопје – Куманово при што две лица се повредени, од кои едно потешко.

Loading...

– На 07.12.2020 во 08.30 часот било пријавено дека на регионалниот пат Скопје – Куманово, во близина на с.Орланци, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шевролет круз“, управувано од Ж.Д.(64) од Скопје и автобус „ивеко“, управуван С.Б. од Куманово, двете со скопски регистарски ознаки, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во незгодата Ж.Д. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а со телесни повреди се здобила сопатничка од автобусот В.З.(25) од Куманово, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Leave a Reply