Австриски полицаец убиен за време на обука

Сподели со своите пријатели

Припадник на австриската полиција во провинцијата Штаерска е убиен за време на обука, бидејќи случајно бил употребен наполнет пиштол.

Loading...

Несреќата во која загина 27-годишен службеник за спроведување на законот се случила во седиштето на полицијата во Грац.

За време на тактичката обука во подрумските простории било извршено менување на оружјето, наместо обучно, земен е наполнет пиштол.

На тренингот бил испукан истрел кој го погодил полицаецот.

Според медиумите, истрелот го испукал искусен колега кој го водел тренингот.

Присутните полициски службеници и полицискиот лекар веднаш се обиделе да му укажат прва помош на повредениот колега.

Но, ниту брзата помош која брзо пристигнала на местото на инцидентот не можела да помогне, туку само констатирала смрт.

Инаку, младиот човек во декември 2019 година започнал двегодишна обука за полицаец, а од почетокот на месецов е во единицата за интервенција.

Loading...

Истрагата ја презеде провинциската криминалистичка служба на Горна Австрија, а во истрагата за овој случај со фатален исход се вклучи и обвинителството во Грац.