Австријците се потешко се справуваат со месечните трошоци

Сподели со своите пријатели

Зголемувањето на цените претставува голем товар за домаќинствата во Австрија, на кои им е сè потешко да се справат со месечните трошоци.

Loading...

Австриската работна комора (АК) пресметала колку оваа огромна инфлација „го чини“ просечното домаќинство.

Секое домаќинство има дополнителни годишни трошоци од 3.042 евра по поскапување на енергенсите, прехранбените производи и други трошоци.

Ако од таа сума се одземе нормална инфлација од два отсто, тогаш остануваат дополнителни годишни трошоци во износ од 2.262 евра.

Дополнителниот товар е во просек повеќе од 10 отсто од приходите.

Во Австрија, според податоците на Заводот за статистика, „обичните“ вработени заработуваат во просек по 30.257 евра годишно, односно нето 1.600 евра месечно или 22.600 евра годишно.

Поради ситуацијата, експертите предупредуваат дека предизвикот наскоро ќе биде рекорден број приватни стечаи.

Досега оваа година повеќе од 4.700 лица поднеле барање за приватен стечај.

Loading...

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.