Австрија воведува и дополнителен данок на добивката на енергетските компании

Сподели со своите пријатели

Австриските нафтени и гасни компании ќе треба да плаќаат данок до 40 отсто на дополнителните профити што ги оствариле за време на војната во Украина.

Loading...

Владата во Виена најави воведување специјален данок за оваа и следната година, кој веќе е планиран во слична форма и во другите земји од ЕУ, пренесува SEEbiz.

„Вонредните времиња бараат вонредни мерки“, изјавија вицеканцеларот Вернер Коглер и министерот за финансии Магнус Брунер.

Скокот на цените на природниот гас и електричната енергија од почетокот на војната во Украина ги полни касите на некои компании, а ги празни други, до степен што повеќе не е прифатлив, рече Коглер.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вештачката интелигенција се заканува на осум милиони работни места во Британија

За пресметување на планираниот „придонес во енергетската криза“ ќе се земе предвид висината на просечната годишна добивка во периодот од 2018 година зголемена за 20 отсто.

Сè што ќе заработат нафтените и гасните компании над тоа ќе се оданочува со 40 проценти.

За компаниите кои инвестираат во обновливи извори на енергија, даночната стапка ќе се намали на 33 проценти.

Дополнително, државата ќе собира приходи од австриските производители на електрична енергија над одреден праг.

Loading...

Тој праг ќе биде поставен на 180 евра за мегават час или 140 евра за мегават час доколку компанијата не инвестира во обновливи извори на енергија.

Државата ќе инкасира 90 проценти од приходите што ја надминуваат границата од 180 или 140 евра.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Социјалната мрежа на Трамп излезе на берза: Вреди осум милијарди долари

Со оваа давачка и дополнителен данок на добивка, австриската влада сака да финансира мерки за ублажување на последиците од високата стапка на инфлација за жителите и бизнисите.

Тој ги проценува очекуваните приходи меѓу две и четири милијарди евра.

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.