Новата училишта година во Австрија донесе и извесни новитети за учениците, пред се казни за бегање од училиште, додека учениците првачиња кои не знаат доволно добро германски за да ја следат наставата, ќе мора да посетуваат настава во училишта на германски јазик.
Оваа есен формално ќе има околу 700 одделенија со германски јазик ширум земјата, а нивната цел е децата најпрвин да научат германски за да можат нормално да посетуваат настава со своите врсници.
Во тие одделенија ќе имаат посебен програм од 15 до 20 часа учење германски, додека заедно со остатокот од одделението ќе посетуваат настава за цртање, музичко и физичко.
Места на кои никако не смеете да го држите мобилниот телефон