Австрија препорачува четврта доза ковид вакцина

Сподели со своите пријатели

Во страв од есенскиот бран на коронавирус, Министерството за здравство им препорачува на граѓаните да ја примат четвртата доза од вакцината против Ковид-19.

Loading...

Досега препораката за четврта вакцина важеше само за лица над 60 години, а новата препорака на надлежните органи важи за сите лица над 12 години.

Министерот за здравство Јоханес Рауч изјави дека очекува во септември во Австрија да бидат испорачани нови вакцини приспособени на новите соеви, пренесува Танјуг.

Тој посочи дека четвртата доза од вакцината се препорачува за сите лица над 12 години четири до шест месеци по целосната имунизација, односно примање на третата доза.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Јапонија лани регистрирани рекордни 123.000 случаи на злоупотреба на деца

За деца од пет до 11 години се препорачува основна имунизација пред почетокот на учебната година и таа се состои од три дози.

Рауч, исто така, рече дека очекува јасно зголемување на инфекцијата со коронавирус наесен и препорача носење маска FFP2 во затворени простори.

„Сигурно е дека наесен ќе биде целисходно и неопходно да се носат маски на одредени места, како што е јавниот превоз, но и во супермаркетите“, објасни тој.