Австралија наскоро останува без зима

Сподели со своите пријатели

До средината на овој век Австралија нема да има зима, но ќе постои „ново лето“ со многу високи температури, тврдат климатолозите.

Loading...

Карактеристиките на оваа „ново лето“ се голема суша и топлотни бранови од 40 и повеќе степени.

Научниците од Националниот универзитет прецизираат дека до 2050 година овој континент ќе ја загуби зимата поради климатските промени. „Ново лето“ ќе трае од срединат ана декември до втората половина на февруари. Терминот ќе зависи од тоа за кој дел на Австралија станува збор.

Во Сиднеј новото годишно време ќе трае од октомври до март, пренесува британскиот „Сан“. Во оваа метропола просечната дневна температура од 1060 до 1990 година изнесувала 22 степени, а до 2050 година ќе изнесува 25,4 степени целзиусови.

Научниците најавуваат дека 62 дена температурата ќе биде над 30 степени, што е за 47 дена повеќе од минатото.

Овие прогнози се базирани на податоците за климата и проверени на примероци во Метеоролошката канцеларија на Велика Британија. Научниците потоа ги претвориле податоците во интерактивна мапа која го открива растот на температурите во различни делови на Австралија.

Leave a Reply