Авионот на Пригожин полета од Белорусија и се упати кон Москва

Сподели со своите пријатели

Приватен авион за кој се верува дека го користел шефот на паравоената формација Вагнер, Евгениј Пригожин, полетал од воениот аеродром во Белорусија и се упатил кон Москва.

Loading...

Како што информираат од белоруската организација Гајун, деловниот авион полетал во 22:40 часот по локално време и се упатил кон Русија.

„Авионот на Пригожин на аеродромот Макулиски се задржа 14 часа и 59 минути. Додека летал над московскиот регион, авионот ги исклучил транспондерите“, се објаснува.

Покрај авионот на Пригожин, од аеродромот полетал уште еден деловен авион со број RA-02878, кој во Мачулишка пристигнал од Санкт Петербург.

Овој авион по полетувањето од белорускиот аеродром се упати кон овој руски град.

Инаку, претходно беше објавено дека авионот Пригожин ја напуштил територијата на Русија и се упатил кон главниот град на Белорусија.

По бунтот на Вагнер минатиот викенд, Кремљ и оваа паравоена формација, наводно, постигнале договор што вклучувал Евгениј Пригожин да ја напушти територијата на Русија и да се пресели во Белорусија.

Одредени медиуми веќе објавија дека Пригожин бил виден во Минск, поточно во хотел на периферијата на градот.

Loading...

Она што многумина ги интересираше е дали во авионот што синоќа полета од Минск бил и самиот Пригожин, кој барем според најавите на Кремљ засега е „недобредојден“ на руска територија.

Инаку, истата страница што го следеше летот на авионот на Пригожин објави дека Лукашенко наводно веќе одржал состанок со Пригожин на територијата на Белорусија.

„Лукашенко помина пет часа во близина на езерото Заслав, а 39 минути подоцна два авиони, меѓу кои и Пригожинов, ја напуштија областа на аеродромот Мачулишчи“, пишува Кликс.

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.