Авионот на Пригожин „не покажувал знаци на проблеми“ до последните 30 секунди

Сподели со своите пријатели

Авионот што го превезувал Евгениј Пригожин не покажувал знаци на неволја до последните 30 секунди, кога наеднаш почнал да ја губи висината, според податоците за следење на летот.

Loading...

Руската авијациска агенција Росавијација претходно потврди дека Пригожин, кој започна неуспешен бунт во јуни, бил во авионот што се урна во регионот Твер додека летал од Москва за Санкт Петербург.

Во 3:19 часот по Гринич, авионот одеднаш почна да се спушта вертикално, вели Јан Печеник од веб-страницата Flightradar24, која ги следи летовите низ светот.

Авионот, кој се наоѓал на 8,5 километри над површината, изгубил повеќе од 2.400 метри височина за околу 30 секунди.

„Што и да се случи, се случи брзо“, рече Печеник.

Пред тоа драматично губење на висината „немаше индикации дека нешто не е во ред со авионот“, рече тој.

На видеото, леталото брзо паѓа, со носот речиси целосно вертикален и со облак од пареа зад него.

Руските власти започнаа истрага за инцидентот.

Loading...

Неименувани извори за руските медиуми изјавиле дека авионот бил погоден со една или две ракети земја-воздух, но Ројтерс не може да ја потврди оваа информација.

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.