Авион со 22 патници се урна во Непал, досега пронајдени 14 тела

Сподели со своите пријатели

Спасувачките екипи од Непал досега пронајдоа 14 тела од остатоците на малиот авион со 22 лица, кој се урна во неделата.

Loading...

„Потрагата по другите продолжува“, изјави портпаролот на аеродромот во Катманду, пренесе Ројтерс.

 

Улични борби во Северодонецк: „На Русите не им е грижа колку жртви ќе имаат“

 

Четворица Индијци, двајца Германци и 16 Непалци се наоѓале во авионот „Ди Хавиленд Канада DHC-6-300 Twin Otter“, сопственост на приватната компанија „Тара Ер“, додадоа државните власти.

Авионот бил во воздух 20 минути, пред да изгуби контакт со контролата на летот.

 

Loading...

ЕУ сѐ уште без договор за ембарго на руска нафта

 

Тој полетал од туристичкиот град Похара, 125 километри западно од главниот град Катманду и се упати кон Џомсом, 80 километри северно од Похара.

Сајтот „Флајтрадар24“ покажа дека овој авион го направил првиот лет во април 1979 година.