Авио компанија престанува да служи алкохол поради проблематични патници

Сподели со своите пријатели

Авиокомпанијата „Американ ерлајнс“ нема да служи алкохол на летовите најрано до 2022 година.

Loading...

„Американ ерлајнс“ и „Саутвест ерлајнс“ престанаа да служат алкохол на почетокот на пандемијата на коронарonaвирусот и изјавија дека нема да продолжат со продажба на алкохол до септември, кога требаше да се укине задолжителното носење маски, но тој датум сега е продолжен до 18 јануари, објави ABC News.

„Саутвест“ за Еј – Би – Си изјави дека сѐ уште не одлучиле дали ќе продолжат со прекин на услугата за алкохол по септември.

Јунајтед Ерлајнс престана да продава жесток алкохол, но служи пиво и вино.

Соопштението на „Американците“ дојде откако американската Федерална управа за авијација (ФАА) изјави дека има зголемување на бројот на непослушни патници.

ФАА во четвртокот објави дека издала казни во вредност од еден милион долари во 2021 година.