„Ауди“ опожарено во Куманово

Сподели со своите пријатели

„Ауди“ кое било паркирано во дворно место, викендов било опожарено на улицата „Бајрам Шабани“ во Куманово.

Loading...

– На 19.11.2023 во 01.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека во дворно место на ул.„Бајрам Шабани“ било опожарено патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Е.Х. од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од полицијата додаваат дека пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведени двајца кумановци, полицијата им пронашла различни видови наркотици