Атлетски митинг „11 Октомври“ утре во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во организација на Сојуз на спортови на град Куманово и Атлетска федерација на Македонија утре со почеток во 11 часот ќе се одржи атлетскиот митинг „11 Октомври“ утре во Куманово.

Програмата ќе опфати ученици од основните училишта, натпревари за атлетичари и атлетичари во повеќе дисциплини, рекреативни трки и фамилијарната штафета, кој е заштитен занк на овој спортски хепенинг.

– Прв пат оваа година лансираме една тимска милја каде ќе се настапува во две категории, рекреативна и атлетска категорија, каде ќе трчаат два пати по 800 метри едно машко и едно женско, во ваков формат, ваква штафета нема одржано никој досега во светот, се радуваме што ќе бидеме први и се надеваме да помине сето тоа радосно, успешно и ентузијастички да се прифати и да допринесе за повеќе дружба, а не само за ривалитет, изјави Филип Колевски, тренер на Атлетски клуб Куманово.

Спортскиот хепенинг се одржува по 4. пат на атлетскиот полигон во Соколана.

Leave a Reply