Астронаутите во вселенска прошетка за поставување нов механизам (видео)

Сподели со своите пријатели

Двајца американски астроунаути излегоа во вселенска прошетка за да псотават нов механизам за фаќање, односно „дланка“ на роботската рака на Меѓународната вселенска станица.

Работата на давајцата астронаути на вселенската агенција НАСА, Марк Ванде Хеј и Скот Тингл ќе трае шест и пол часа.

Ванде Хеј слична вселенска порештка изврши во октомври кога ја замени првата од двете оргинални пипки на роботската рака произведена во Канада. Втората дланка ќе биде поставена на дргуот крај на раката долга 17 метри.

Ни горе, ни долу: Како спијат астронаутите во вселената? (видео)

Loading...

Гломазната механичка дланка долга метар и половина и тешка 200 килограми мора да се замени затоа што претходната е истрошена. Таа била во орбитата и ловела капсули со терет и извршувала други задачи до 2001 година.

Ова е прва вселенска прошетка за Тингл кој дошол на вселенската станица минатиот месец и трета за Ванд Хеј, кој во понеделник повторно ќе излезе надвор од страницата со друг астроунаут за да ја заврши работата.

Во вселенската станица моментално се наоѓаат тројца американски космонаути, двајца Руси и еден Јапонец.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.