Астронаутите стигнаа во вселената: Кина успешно чекори кон амбициозен проект (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Кинески вселенски брод со тројца астронаути денес се спои со нова вселенска станица, што е голем чекор напред во амбициозната вселенска програма на Кина.

Loading...

Бродот „Шенжу-12“ се спои со модулот „Тијанхе“ околу шест часа по лансирањето од вселенскиот центар Џијукуан, на работ на пустината Гоби.

Тројцата астронаути ќе живеат во модулот и ќе вршат експерименти, ќе ја тестираат опремата, ќе извршуваат работи на одржување и ќе ја подготват станицата за поврзување со двата лабораториски модули следната година, објави АП.

Кина успеа да испрати 14 лица во вселената од 2003 година и стана само третата земја, по поранешниот Советски сојуз и Соединетите Американски Држави, што го стори тоа независно.

Времето на патување од Земјата до станицата во орбитата на нашата планета е скратено за два дена како резултат на „многу големи достигнувања и иновации“, изјави за државната телевизија заменик-главниот инженер на мисијата Гао Су.

Тој рече дека многу системи се автоматизирани или контролирани од далечина, што „значително го намалува притисокот врз астронаутите“.

„Шенжу-12“ е трета од 11 мисии, а четири ќе бидат со човечки екипаж, неопходни за завршување на работите на првата кинеска вселенска станица.

Изградбата започна во април со лансирање на најголемиот од трите модули.

Loading...

 

Leave a Reply