Археолозите во Унгарија дошле до фасцинантно откритие

Сподели со своите пријатели

Археолозите пронашле скелет на бебе чија рака е мумифицирана. Истражувајќи го потеклото на телото, научниците ја откриле не само неговата приказна, туку и дека се работи за редок облик на мумификација.

Телото е пронајдено во кутија за време на ископувањето на гробиштата во Нијарлоринц, на југот на Унгарија.

Археолози ископаа мистериозен антички град

Loading...

Од 500 гробови, кои потекнуваат помеѓу 12 и 6 век, само еден содржел мумифицирана рака.

Раката била зелена, што е чудно, со оглед на тоа дека  накитот кој содржи бакар или бронза може да го обои скелетот.

https://twitter.com/NYT/status/997536632982179843

Но, зошто токму раката?

– Тоа не е баш најјасно, изјавил за Њујорк тајмс др. Балаш, автор на студијата објавена во списанието „Archaeological and Anthropological Sciences“.

Анализата на овие делови на телото покажала најголема количина бакар некогаш пронајдена кај една мумија – таа била неколку стотина пати поголема од просекот.

За да ја решат мистерија научниците детално ги прегледале сите предмети кои ги пронашле за време на ископувањето.

Во подводна пештера пронајдени остатоци од човек стари 9.000 години (ФОТО)

Истражувачкиот тим заклучил дека во раката на детето била ставена бакарна паричка, што древната трдиција со која се штити душата на починатите обезбедува безбеден пат со чамец кон задгрониот живот.

Токму таа бакарна паричка бил тој дел кој ја сочувал раката од пропаѓање, а се работи за првиот забележан случај на мумификација на бакар.

Leave a Reply