Apple упати извинување за успорувањето на старите модели на iPhone

Сподели со своите пријатели

„Теоријата на заговор“ дека Apple намерно ги успорува постарите модели телефони всушност излезе точна. Се испостави дека компанијата под изговор за зачувување на функционалноста ги успорувала телефоните откако батеријата ќе започне да им губи сила. Од нивна страна следуваше и извинување и предлог за решение.

И додека Apple објаснува дека тоа го правеле за доброто на своите корисници, од сите страни пристигнуваат обвинувања дека тоа е правено намерно за да корисниците ги купуваат новите модели.

„Apple“ годинава ќе стане вредна 1.000 милијарди долари

Loading...

Во меѓувреме е издадено и официјално извинување во кое Apple всушност не се зивинува за успорувањето на телефоните туку за прикривање на акцијата за успорување. И покрај скандалот Apple и натаму мисли дека тоа било неопходно. Сепак, за да им излезат во пресрет на корисниците, цените на батериите се намалени на 29 долари.

Овие батерии ќе ги вратат телефонит iPhone 6 или можеби и претходните модели, на оргиналните перформанси.

Новите батерии, кои обично чинат 79 долари, ќе бидат достапни од почетокот на годинава објавено е на официјалниот сајт на компанијата.

Apple ќе направи и iOS update кој ќе им овозможи на корисниците да имаат подобар увид во здравјето на батеријата така да самит еќе се уверат на кон начин нејзината работа влијае на перформансите на телефонот.

Додаваат дека нивната желба е да крерираат производи кои корисниците ги сакаат, како и дека нивната желба е моделите на iPhone да траат што е можно подолго.

Apple пред суд поради намерно успорување на постарите модели

– Знамеде дека некои од вас мислат дека Apple ве изневери. Ви се извинуваме поради тоа, стои во соопштението од компанијата.

Сепак Apple не бојаснува како дошто до проблеми со батериите поради кои „морало“ да дојде до успорување на постарите модели.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.