АПМ не оди на избори, Рубин Земон нов претседател

Сподели со своите пријатели

Во текот на вчерашниот ден Главниот одбор на Алијансата за позитивна Македонија донесе одлука за претседател да го избере универзитетскиот професор Рубин Земон, а воедно ја анализираа и актуелната политичка состојба во земјава при што е одлучено партијата да не оди на парламентарните избори.

Како втора вонпарламентарна партија по бројот на признаени гласови од последните парламентарни избори (над 11 илјади гласови) АПМ смета дека договорот на 4-те политички партии од јуни и јули 2015 година, на кои гаранти беа и претставниците на меѓународната заедница, не се исполни или исполнува во целост, а особено во најосетливите и најзначајните делови за одржување на фер, демократски, кредибилни избори што на идниот парламент и влада треба им дадат полн легитимитет од страна на граѓаните за да ја водат државата.

Поради тоа Алијансата за позитивна Македонија нема да учествува на изборите што се предвидуваат да се распишат за 5 јуни 2016, под овие услови и околности и доколку меѓународната заедница како гаранти на Пржинскиот договор не гарантира дека се создадени условите за фер и демократски избори, како предуслов да Република Македониа добие препорака за започнување на преговорите за членство во ЕУ.