Апелација: Прислушуваните разговори може да се користат како доказ во предметот „Триста“

Сподели со своите пријатели

Прислушуваните разговори во предметот „Триста“ на Специјалното јавно обвинителство ќе може да се користат како доказен материјал, одлучи Апелациониот суд во Скопје.

Во денешното соопштение од судот се наведува дека аудио записот од телефонскиот разговор претставува доказ прибавен на законит начин и како таков може да се користи како доказ во кривичната постапка.

– Апелациониот суд Скопје со својата одлука мериторно одлучи и го одби предлогот на обвинетиот Ѓ.П. од С. содржан во неговиот приговор поднесен против обвинителниот акт, од списите на предметот да се издвои аудио запис од телефонски контакт, како доказ прибавен на незаконит начин, со образложение дека наведениот доказ – аудио запис од телефонски контакт претставува доказ прибавен на законит начин и како таков може да се користи како доказ во предметната кривична постапка, со што е преиначена одлуката на Основниот суд Скопје 1 Скопје со која истиот доказ е издвоен од списите на предметот како доказ прибавен на незаконит начин, се вели во соопштението.

Во предметот „Триста“ на СЈО е обвинет поранешниот помошник министер Ѓоко Поповски за злоупотреба при набавката на возила за потребите на Министерството за внатрешни работи.

Извор: МИА

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.