Антимонархистичкото движење планира да протестира за време на крунисувањето на Чарлс III

Сподели со своите пријатели

Кога британскиот крал Чарлс III ќе биде крунисан на раскошна церемонија на 6 мај, главното британско антимонархистичко движење ќе се собере покрај статуата на кралот Чарлс I, кој беше убиен во 1649 година, што доведе до краткотрајна република.

Loading...

Поддржувачите на Републиката, група основана во 1983 година, која се залага за избран претседател на земјата, планира да го одржи својот најголем протест досега на 6 мај, пренесува Ројтерс.

Шефот на групата, Греам Смит, рече дека монархијата е анахрона институција на која нема место во демократијата на 21-от век, особено во време кога луѓето се соочуваат со најтешката економска криза во последните децении.

Смит најави дека на протестот на 6 мај се очекува да учествуваат повеќе од 1.000 луѓе облечени во жолти кошули.

Кога новокрунисаниот крал ќе помине со неговата златна кочија, противниците на монархијата планираат гласно да се исвиркаат и да скандираат „не е мој крал“.

Смит рече дека поддршката за монархијата очигледно опаѓа. Анкетите покажуваат дека Чарлс Трети е помалку популарен од неговата мајка, кралицата Елизабета Втора, чија смрт минатата година го означи крајот на една ера во Британија.

Според анкетата на YouGov, од 73 отсто од јавната поддршка за монархијата во 2012 година, таа бројка сега падна на 53 отсто.

Анкетите покажуваат и дека помладите генерации во Британија помалку ја поддржуваат монархијата отколку постарите.

Loading...