Ансамблот ”ТАНЕЦ” со целовечерен концерт во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во НУ Центар за култура ”Трајко Прокопиев”, во среда /13 мај/, целовечерен концерт ќе одржи Ансамблот на македонски народни игри песни на Македонија ”ТАНЕЦ”.

Loading...

Влезот за концертот ќе биде бесплатен, но ќе се влегува со претходно резервирани билети коишто треба да се подигнат еден час пред концертот. Секој заинтересиран посетител може да се јави во Центарот за култура на тел. 031/415-099 и да резервира билети, односно, со едно јавување може да се резервираат најмногу 10 билети.

Јавувањето е отворено од понеделник од 10 часот.

Концертот на ”ТАНЕЦ” е финансиски поддржан од Министерството за култура.

 

Leave a Reply