„Анонимуси“ го хакираа сајтот на Министерството за транспорт и врски (фото)

Сподели со своите пријатели

Oфицијалната веб-страница на Министерството за транспорт и врски е хакирана од „Анонимуси“, кога ќе ја отворите вендша ви се појавува фотографија со логото на оваа хакерска група и текст каде на англиски јазик пишуваат дека се борат против цензурата, за слободата на медиумите и на народот, а не дејствуваат за лични и за политички цели туку во интерес на народот.

„Ние сме Анонплус – Анонимуси и ова е нашиот манифест. Секое лице што сака да ја одбрани својата слобода на информирање, слободата на народот и ослободување од ропството на медиумите и на оние кои нè владеат и од оние кои се користат како алатка за спроведување на нејзините валкани цели, веќе се дел од Анонимуси. Секое лице кое има волја да дејствува е добредојдено. Ние сме во војна. Анонплус става веб-страници надвор од функција кои активно придонесуваат за контрола на масите од корумпирани медиуми, преку манипулирање со информации и со мислења за да се создаде лажна реалност; Анонплус не дејствува за лични или политички цели, нема лидери, работи во интерес на народот и за да го врати суверенитетот на луѓето; Денот кога овие цели ќе се постигнат Анонплус ќе престане да постои. Без војна, без религии, без политика, без финансиска моќ, за подобар свет. Ние сме легија. Ние не забораваме. Не простуваме. Очекувајте нè“, пишува на веб-страницата на Министерството за транспорт и врски.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.