Анкета: Мнозинството ториевци за оставка на Лиз Трас

Сподели со своите пријатели

Мнозинството членови на Конзервативната партија сметаат дека британската премиерка Лиз Трас треба да поднесе оставка, покажуваат резултатите од најновата анкета на YouGov.

Loading...

Според истражувањето, 55 отсто од ториевците сметаат дека Трас треба да се повлече, вклучително и 39 отсто од членовите на Конзервативната партија кои гласаа за неа ова лето, пишува Гардијан.

На прашањето кој треба да ја замени Трас доколку поднесе оставка во следните неколку недели, 32 отсто од испитаниците одговориле – Борис Џонсон, 23 отсто се одлучиле за Риши Сунак, а 10 отсто за Бен Валас.

59 отсто од ториевците беа за Џонсон да се повлече од премиерската функција, според анкетата на YouGov непосредно пред да ја објави својата одлука да се повлече од премиерската функција ова лето.