Англиската црква укина правило старо 400 години

Сподели со своите пријатели

Црквата на Англија укина 400 години старо правило кое бараше сите цркви да одржуваат служба секоја недела.

Loading...

Канонскиот закон од 1603 година барал од свештениците секоја недела во секоја црква која ја надгледуваат да држат утринска и вечерна молитва и служба за заедницата, наведува АП.

По децении слаба посетеност, многу свештеници сега се одговорни за повеќе цркви, особено во селските области.

За неодржување на службата во секоја црква во недела ним досега им беше потребна дозвола од бискупот.

Промената е усвоена пред два дена на состанок на Синодот на Англиската црква.

Leave a Reply