Ангеловска: Обезбедени се нови 180 милиони евра финансиска поддршка за надминување на ковид кризата

Сподели со своите пријатели

„Нови 180 милиони евра финансиска поддршка за надминување на кризата предизвикана од коронавирусот се обезбедени за периодот кој следува“, вели Ана Ангеловска од Општинската организација на СДСМ Куманово.

Loading...

– Во периодот кој следи обезбедени се нови 180 милиони евра финансиска поддршка за надминување на кризата предизвикана од корона вирусот, од кои, 80 милиони евра се од ЕУ за фискален стимул за стопанството и граѓаните, и 100 милиони евра од Европска инвестициона банка (ЕИБ) за евтини кредити за мали и средни претпријатија. Вчера беше префрлена втората транша со износ од 80 милиони евра, од вкупно 160 милиони евра макрофинансиска помош од Европската Унија за надминување на кризата предизвикана од коронавирусот, изјави Ангеловска на денешната прес конференција.

Собранието вчера, вели таа, го усвои законот за нови 100 милиони евра од Европската инвестициска банка за евтини кредити за мали и средни претпријатија, кои ќе се пласираат преку деловните банки.

– Корпоративниот сектор има потреба од поддршка поради проблеми со ликвидноста и солвентноста во време на криза, особено кај контакт-интензивните индустрии. Новите финансиски средства треба да се донесат до инвеститорите преку различни механизми. На тој начин ќе се постигне повеќекратен позитивен ефект за економијата. Неопходно е да продолжиме со поддршката на фирмите за да може да продолжи заздравувањето на економијата, изјави Ангеловска.

Во текот на овој месец треба да се потпише и финансискиот договор со ЕИБ за ставање во функција на овие 100 милиони евра евтини кредити наменети за финансирање мали и средни претпријатија.

Наскоро, појаснува Ангеловска, се очекува и нов пакет на економски мерки со кој ќе се помогне на најпогодените граѓани и сектори од економијата.

Никола Ивановски

Leave a Reply